Таравари со отворено писмо до амбасадори во земјава: Да отвориме фронт против корупцијата, Алијанса за Албанците нуди решенија

t

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Травари, денеска напиша отворено писмо до неколку амбасадори на европските земји и САД во Македонија и порача дека мора сите да се обединиме во борбата против корупцијата, а амбасадите да преземат сериозни чекори по тоа прашање.

Во продолжение го пренесуваме во целост писмото на Таравари:

– Почитуван амбасадор на Европската Унија, Дејвид Гир,
Почитувана амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер,
Почитувани амбасадори на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Скопје,

Искористувајќи ја смиреноста на овој зимски викенд, Ви се обраќам преку ова отворено писмо да ве замолам да кренете западен фронт за европеизација на државата, не со празни пароли на политичарите со кои граѓаните на државата се уморни и депресивни, масовно бегаат во Европа, но со конкретни акции за решавање на нивната главна грижа што ги потопи и последните надежи дека во оваа земја некогаш може да биде добро за нив и за идните генерации.

Оваа нивна, моја, но и ваша грижа е чумата на корупцијата која ја зафати секоја пора на општеството, особено во врвот на власта каде партиските челници се недопирливи. Тие се неранливи, бидејќи партизираната и корумпирана правда им гарантира имунитет, дури и во случаите што ги отвори ОЛАФ за злоупотреба на милиони пари на европските даночни обврзници.

Поминаа 4 години откако поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски (СДСМ) беше фатен како заговара коруптивен тендер вреден 7 милиони евра финансиран од Европската банка за обнова и развој.

Поминаа и 4 години откако поранешниот државен секретар на Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахиу (ДУИ) беше фатен како прима поткуп од 40.000 евра за да среди тендер вреден милион евра од ИПА фондовите.

Пред речиси 3 години беше откриено дека директорката на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова (СДСМ) злоупотребила стотици илјади евра од Еразмус+ фондовите и други европски образовни програми, на име грантови за обука на магариња. коњи и фризерство. Истата го обвини нејзиниот претходник Дарко Димитров (ВМРО-ДПМНЕ) дека во периодот 2016-2019 година злоупотребил 2,2 милиони евра од Еразмус+ со коруптивно префрлање на некои криминални здруженија.

Здравиот разум би рекол дека Македонија, како земја која чека да ги отвори преговорите за членство во Европската Унија, со парите на европските даночни обврзници ќе ги реши овие случаи на корупција со најголем приоритет, за да испрати порака дека земјата применува политика на нула толеранција кон злоупотребите на европските фондови.

Вистината е сосема поинаква. Повиците на извештаите за напредокот за конечни пресуди во случаи на корупција на високо ниво остануваат мртва буква и дека сите овие корумпирани функционери шетаат слободно.

Ова е најдобрата слика за заробениот правосуден систем. И покрај милионите вложени во судството и обвинителството од страна на ЕУ и САД, партизираните и корумпирани судии и обвинители обезбедуваат неказнивост на високите функционери на политичките партии. И кога неказнивоста е правило дури и кога се злоупотребуваат европските фондови, што да очекуваат нашите бизниси и граѓани кога им се прекршуваат правата или им се наметнува поткуп од државни функционери?

Како земја која има за цел да влезе во ЕУ, Македонија треба да го има владеењето на правото како примарна цел. На европскиот даночен обврзник и инвеститор мора да им се гарантира европски стандард во правото: Судот во Тетово и Судот во Велес мора да гарантираат иста примена на европските закони како Судот во Франкфурт или Судот во Мадрид. Во спротивно, членството на земјата во ЕУ нема смисла и Македонија не може да стане Европа.

Затоа, почитувани амбасадори на пријателските западни земји, ве повикувам да ги засукате ракавите и да и објавиме војна на партизацијата на правдата и корумпираните на секое ниво на власт.

Решението е едноставно и со некои од вас детално разговарав во пакетот за владеење на правото што го подготвија експертите на Алијансата за Албанците. Според нас, борбата против криминалот и корупцијата на високо ниво треба да се фокусира на три главни оски:

  1. Проверка во правото, политиката и администрацијата.
  2. Конфискација на незаконски стекнат имот.
  3. Удвојување на инвестициите во правосудните и антикорупциските институции за да се обезбеди нивната независност и ефективност.

Предлозите на Алијансата за Албанците за владеење на правото се и неопходни и применливи, доколку постои политичка волја внатре и надвор. Времето за дејствување е сега, напиша Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…

Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…