Тасевски до Таче: Не го примај Петков инаку ќе изгубиш 100:0 на следни избори

t

Утре е голем ден. Ни доаѓа во посета бугарскиот премиер Петков, кој пред два дена храбро и пријателски изјави: Нема такво малцинство во Бугарија!

Не сакаше и да изговори МАКЕДОНСКО.

Е сега, ти Таче Ковачевски и вие новинари од Македонија за да го направите утрешниот ден уште поголем, одбијте да го примите и пречекате Петков.

Нека дојде, нека си поплаче со тукашните стотина бугараши на некоја клупа у парк и толку.

Па уште бара да сме признале бугарско малцинство во уставот?

Еј после изјавата дека Македонци не постојат.

Таче, го примиш ли Петков на муабет, ти си завршил со политичката кариера, а изборите ќе ги изгубите 100 : 0.

Ги губите секако, ама го примиш ли, го јадете ко поп сарма.

Ќе го примиш ли Таче?

Истото важи и за новинарите.

Бојкотирајте го Петков. Со тоа ќе покажете на светот дека имаме некакво достоинство и ќе покажете дека Бугарите отидоа предалеку во својот фашизам и шовинизам.

Пендаровски, истото важи и за тебе.

И дај видете таму, време е да затворите некои бугарашки здруженија овде кои носат имиња на познати соработници на Мусолини и на усташкиот поглавник Павелиќ, пишува на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…