Татко и двајца синови обвинети за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река
Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Како што информираа од Обвинителство, „тројцата соизвршители, на 9 август предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, општина Сопиште. Со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери“.
Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…