Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер почнаа со работа во Уставниот суд
Денеска во Уставниот суд почнаа со работа новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер. Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа.
Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години.
Уставниот суд и во оваа прилика апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И наставничката ранета во масакрот во „Рубникар“…
И наставничката по историја Татјана С., која…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…