И наставничката ранета во масакрот во „Рубникар“ поднесе тужба против родителите на Коста

t

И наставничката по историја Татјана С., која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, до Вишиот суд во Белград поднесе тужба против Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на 13-годишниот Коста кој го изврши злосторството.

Како што соопшти „Танјуг“, станува збор за тужба за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животни активности и понижување.

Судот наведува дека тужбата против брачната двојка е поднесена затоа што тие не одговараат за делото што го сториле, туку одговараат за штетата што ја предизвикало нивното малолетно дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители.

Ова е трета граѓанска тужба против родителите на малолетникот Коста Кецмановиќ.

Првата ја поднесоа членовите на семејството на едно од девојчињата кои загинаа тој ден, додека втората е групна тужба од 27 членови на семејствата на убиените.

Кривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде малолетникот вежбал стрелање, започна во понеделникот, а потоа беше одлучено истото да биде затворено за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…