Тачи: Јас сум за предвремени избори ако опозицијата каже како ќе ги реши кризите кога ќе дојде на власт

t

Демократската партија на Албанците е партија која опстојува со години, а сега се најавува конгрес на партијата.

-Главната тема што ја интересира јавноста а е поврзана со конгресот е дали ќе има промена на претседателската позиција. Веројатно ќе нема. Јас не сум одлучил дали ќе се кандидирам, но од морален аспект не можам да му речам на членството дека ќе се повлечам. Знаете, турбуленции има на конгреси на големите партии каде има големи интереси, вели Мендух Тачи, лидерот на ДПА, за Утрински брифинг.

Тачи најавува промена на политичката сцена на Албанците во Македонија. Според него, малите политички партии на Албанците кои се појавија во последно време набргу ќе исчезнат и ќе останат само два политички субјекта, а едниот од нив е ДУИ – која е константа на власт веќе предолго време, додека другиот според Тачи ќе биде ДПА која ќе почне да зајакнува.

-ДУИ со Али Ахмети ќе се држи додека се на власт. Кога нема да бидат на власт ќе биде друго. Нашата земја помина и поминува низ криза која ги држи партиите споени и да се држат една со друга. Политичките партии ќе се движат вака и тоа нема да се смени, вели Тачи за Утрински брифинг.

Во врска со најавениот митинг на опозицијата закажан за сабота Тачи вели дека не е точно дека опозицијата победи на локалните избори и дека таа изјава не им е адут.

-Ќе им дадеме предвремени избори, но треба да ни дадат аргументи зошто, вели Тачи.

Според анкетите, крајната десница на политичката сцена која се нарекува Левица зајакнува, но, како што вели Тачи, тие немаат коалициски капацитет – со нив никој не сака да коалицира од албанските партии. Во врска со блокадите на Собранието, Тачи вели дека постои опасност да дојдеме во ситуацијата од почетокот на деведесеттите години.

-Јас не сум за директен судир со опозицијата. Би им советувал на нашите коалициски партнери во владата да понудат предвремени избори, но опозицијата прво мора да ни одговори што ќе стори за клучните проблеми од кои едниот е блокадата на евроитеграцискиот процес, вели Тачи.

Тачи вели дека ако власта се договори со опозицијата сериозно да се разговара за евроинтеграциите и санирање на последиците од економската криза може да се разговара и за предвремени избори.

-ДУИ како и сите партии во власта има преземено временски обврски. Ако не ги исполниме ќе имаме проблем. Оти не е проблем кој ќе биде на власт, вели Тачи и додава дека и опозицијата мора да преземе одговорност, а не да добива гласови со националистичка политика. -Во тој случај би можеле да имаме избори кон крајот на 2023 година. Опозицијата има грешка во тактиката. Народот не е веќе спремен да прифати спречување на донесување закони кои ги засегаат граѓаните, објаснува Тачи.

Политиката што ја води Софија води кон заклучок дека служи само да ја зајакне позицијата на Србија.

-Луѓето со кои имам контакти, тие се вчудоневидени како Албанците во Македонија се поиритирани од односот на Бугарија кон Македонија. Бугарија треба да знае дека овој народ тука постои и ќе постои. Пред 70 години го поминавме тоа дали луѓето тука се Бугари или не се. Се прашувам дали тие луѓе таму воопшто имаат интелектуалци? Видете го примерот со Украина. Што оти Русија може да заземе територија? Кој ќе живее таму? Па тоа ќе бидат гулази додека другиот дел од државата ќе живее живот што не е како од 19 век, вели Тачи.

Тачи за заткулисното сопирање на процесите на Балканот од страна на Русија вели дека станува збор повеќе за културолошка отколку за воена мешаница пред голот.

-Јас сум против изолирање на Русија во целост. Се велид ека Русија постојано ѝ помага на Србија. Не е точно. Каде беа Русите за време на Првата светска војна кога на Србија ѝ помагаа Франција и Британија. Тука работите се испомешани и не може да се гледа еднострано, вели Тачи.

Кога премиерот на Албанија јавно изразува несогласување со односот на Западот кон Балканот тоа значи многу, коментира Тачи и вели дека ист позитивен однос е и гестот на СПЦ кон признавањето на МПЦ-ОА.

-Знаете, нашето време полека завршува. Нема веќе време на големи идеи, нашата голема идеја беше демократија и борба против корупцијата. Сега е време на технократи кои знаат како да управуваат со институциите, коментира Тачи за новите трендови во политиката на врвни позиции да доаѓаат политичари технократи.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема победа на СНС во Белград: Листата…

Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…

Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…

Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

Владата одлучи: 24 април и 8 мај…

На 16. седница, Владата заклучи 24 април…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…