Објавено на:

Тајна клаузула: Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите?!

t

Европејците се простија од Кристијано Роналдо, кој потпиша нереален договор со Ал Наср од Саудиска Арабија и се зборуваше дека неговата мисија на Стариот континент е завршена.

Но, според медиумите од Блискиот Исток, Кристијано Роналдо би можел да стане фудбалер на Њукасл. Имено, неговиот договор со Ал Наср содржи интересна клаузула.

Доколку Њукасл заврши меѓу четирите најдобри во англиската Премиер лига и се пласира во Лигата на шампионите, Роналдо ќе го засили премиерлигашот како позајмен играч. И тоа не е толку чудно, бидејќи двата клуба имаат ист сопственик.

Њукасл моментно е на третото место во Премиер лигата, и доколку продолжи со добрите резултати, би можел да стигне до европската елита, а тогаш и можно е Роналдо да пристигне.

Роналдо вечерва треба да пристигне во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, кој ќе биде негов дом во наредните две и пол години. Португалецот потпиша договор според кој ќе заработи повеќе од 200.000.000 евра, што е сума досега невидена во историјата на фудбалот..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…

Министерството за одбрана на САД објави инсерти…

По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија…

На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ,…

Се огласи Хамнеи и објави заканувачка фотографија!

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста…

Наследник на иранската монархија: Пад на режимот…

Последниот наследник на иранската монархија, Реза Пахлави…