“Твитерџиите” бираат добитници на Оскар: Следуваат награди за оние кои ќе гласаат преку оваа социјална мрежа
Американската филмска академија од годинава воведе нова категорија на доделувањето на наградите наречена Твитер Оскар.
Од 14-ти февруари, корисниците на Твитер можат да гласаат за своите омилени филмови од 2021 година користејќи го хаштагот #OscarsFanFavorite, без оглед дали истите се номинирани за Оскар.
Филмот кој ќе добие најмногу гласови од фановите до 3-ти март ќе биде признаен во текот на доделувањето на наградите кое ќе се одржи на 27-ми март.
Секој Твитерџија може да гласа до 20 пати дневно, а победничкиот филм ќе биде прогласен на доделувањето на најпрестижното филмско признание. Освен тоа, 3 корисници на Твитер кои го дале својот глас од периодот од 14-ти февруари до 3-ти март ќе бидат избрани – заедно со своите гости – да патуваат во Лос Анџелес со платени трошоци за да присуствуват на церемонијата на доделување на Оскарите.
Пет корисници на социјалната мрежа,пак, ќе добијат годишна карта за кино по свој избор, претплати за стриминг платформи и ексклузивни производи од продавницата на Музејот на Академијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
„Опенхајмер“ собра седум оскари
„Опенхајмер“ на Кристофер Нолан e големиот победник…
Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…
Ако го читате овој пост тоа е…
Портпаролот на Фејсбук се огласи на Твитер:…
Предмалку на својот официјален Твитер профил се…
ЕУ најави истрага за Х (Твитер) на…
Платформата е обвинета за кршење на условите…