Објавено на:

„Твитер“ со санкции, нема да пренесува содржини на руските државни медиуми

t

Социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека ќе ги почитува санкциите што Европската унија ги воведе против руските државни медиуми „РТ“ и „Спутњик“ веднаш штом одредбата стане правосилна.

-Санкциите на ЕУ веројатно за нас ќе значат законска обврска да ограничиме одредени содржини во државите-членки. Планираме да ја испочитуваме одредбата веднаш штом таа стапи на сила, соопшти денеска портпарол на „Твитер“.

Еврокомесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, вчера рече дека Европската комисија очекува до крајот на вчерашниот ден да бидат одобрени одлуките за забрана на објави на содржини на руските државни медиуми во државите-членки на Унијата.

„Твитер“ најави дека ќе продолжи со ограничувања на достапноста на тие содржини, како и со означување на истите за подрачјата надвор од ЕУ.

„Фејсбук“, „Гугл“, Јутјуб“ и „ТикТок“ исто така најавија дека ќе го блокираат пристапот до руските медиуми на своите платформи во рамките на ЕУ. „Мета“ во чие сопствеништво е и „Фејсбук“ вчера соопшти дека руските државни медиуми ќе бидат санкционирани и на глобално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе и објави тотална војна на…

Инвазијата на Украина може да биде забрзана…

Се запали важен нафтовод што ја носи…

Голем пожар избувнал во складиште за нафта…

Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа…

Граѓаните на С Македонија од вчера имаат…

„Твитер“ со санкции, нема да пренесува содржини…

Социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека ќе ги…