Се запали важен нафтовод што ја носи руската нафта во Европа
Голем пожар избувнал во складиште за нафта во рускиот град Бријанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.
„Во 02:00 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Бријанск доби информација за пожар на адреса: Бријанск, во округот Фокински. На местото на повикот се испратени противпожарни и спасувачки екипи согласно зголемениот ранг (број) на пожарот. По пристигнувањето било констатирано дека има пожар на територијата на складиштето за нафта”, се вели во објавата на веб-страницата на Министерството.
Во објавата се додава дека ќе следат дополнителни информации.
Засега нема индикации дека пожарот е поврзан со војната во Украина. Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа.
Бријанск е град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница. Од Москва е оддалечен 380 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…