ТВ Алфа доби нов одговорен уредник

t

Никола Крстиќ е нов одговорен уредник на ТВ Алфа. Тој на оваа позиција доаѓа после двегодишен ангажман во Гласот на Америка. Крстиќ најавува надградба на досега сработеното.

-Гледачите судат за нашата работа. Токму затоа довербата што веќе ја имаме од нив останува наш приоритет. Уверен сум дека со подновен и подмладен тим кој во моментов се проширува ќе можеме да одговориме на сите предизвици – изјави Крстиќ.

Крстиќ има 15 годишно новинарско, пред сѐ телевизиско искуство. Кариерата ја започнал во А1, а потоа ја продолжил во Канал 5 Плус, Македонската Телевизија и во Алфа. Оттаму заминал во Вашингтон каде две години работел како новинар, презентер и главен продуцент за македонската редакција на Гласот на Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски се пазари со завршени судски случаи…

Ковачевски се пазари со завршени судски случаи…

ТВ Алфа доби нов одговорен уредник

Никола Крстиќ е нов одговорен уредник на…