Објавено на:

Тедрос: Многу сум разочаран од одлуката на САД, очекував да ги заштитат правата на жените

t

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека е многу разочаран од одлуката на Врховниот суд на САД да ја поништи историската пресуда со која се легализираше абортусот во САД.

„Многу сум разочаран бидејќи правата на жените мора да се заштитат. И очекував Америка да ги заштити тие права“, изјави Тедрос на маргините на самитот на Комонвелтот во Руанда.

Врховниот суд на САД денеска ја укина пресудата стара 50 години со која се легализираше абортусот низ целата земја, поради што милиони жени го изгубија своето законско право на абортус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на СЗО категоричен: Услов за глобалната…

Напорите за зајакнување на глобалната здравствена безбедност…