Објавено на:

Шефот на СЗО категоричен: Услов за глобалната здравствена безбедност е зајакнување на СЗО

t

Напорите за зајакнување на глобалната здравствена безбедност во идната здравствена криза ќе успеат само ако се зајакне улогата на Светската здравствена организација, изјави денеска шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тедрос се приклучи на состанокот на Г-20 во главниот град на Индонезија преку видео врска и одговори на предлозите за формирање посебен глобален здравствен фонд задолжен за доставување средства за итни случаи, вакцини и други медицински материјали.

– Јасно е дека во срцето на оваа архитектура, на светот му е потребна силна и одржливо финансирана Светска здравствена организација … со единствен мандат, единствена техничка експертиза и единствена глобална легитимност, рече Тедрос.

– Сите напори за подобрување на управувањето, системите и финансирањето на глобалната здравствена безбедност можат да бидат успешни само ако ја зајакнат и улогата на СЗО, рече тој.

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза на дебатата рече дека „СЗО мора да остане во срцето на глобалната здравствена архитектура“, но додаде дека „мора да работиме уште понапорно за да создадеме посилна архитектура на здравствените политики“.

Индонезија е домаќин на средбата на Г-20 оваа година, а министерот за здравство на земјата минатата недела праша дали СЗО е во најдобра позиција да собере капитал за глобален здравствен фонд за доставување итна помош, вклучувајќи средства, вакцини и дијагностика за време на идни пандемии.

Индонезискиот министер за здравство изјави пред странските новинари дека земјите, според сегашниот систем, се „во основа сами“ кога станува збор за обезбедување вакцини и витални медицински материјали. САД, најголемиот донатор на СЗО, исто така се залагаат за посебен фонд директно контролиран од донаторите за финансирање на превенција и управување со здравствени кризи.

Зајакнувањето на глобалната здравствена архитектура е еден од приоритетите на Индонезија, која претседава со Г20, рекоа претседателот Џоко Видодо и министерот за здравство Буди Гунади Садикин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО предупредува: Овој вирус е страшен

Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…

СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за…

Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека…

Алармантен пораст на случаите на сипаници во…

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…

СЗО ја откажа испораката на помош за…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека била…

Жртвите на силување во Конго од страна…

Светската здравствена организација (СЗО) платила по 250…