Тедрос: Украина го сврте вниманието од останатите светски кризи и случувања
Војната во Украина ги занемарува последиците од другите војни и кризи во светот, ова денеска го изјави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус кој го осуди светот за неговата речиси целосна преокупација со европската криза.
Гебрејесус рече дека другите кризи, вклучително и во неговата земја, Етиопија, не добиваат подеднакво внимание, можеби, како што рече, затоа што оние што страдаат не се белци.
Генералниот директор на СЗО рече дека не знае „дали светот навистина посветува подеднакво внимание на животите на белците и црнците”.
– Целото внимание посветено на Украина е, се разбира, многу важно бидејќи има влијание врз целиот свет, но ниту дел (од тоа внимание) не е посветен на Тиграј, Јемен, Авганистан, Сирија и сите други кризи и конфликти, рече тој.
Тедрос рече дека опсадата на етиопскиот регион Тиграј од силите на Еритреја и Етиопија е една од најдолгите во модерната историја и посочи дека неодамна постигнатото примирје сè уште не овозможило пристигнување на значителна количина хуманитарна помош.
– Морам да бидам директен и искрен и да кажам дека светот не се однесува на ист начин кон човечката раса. Некои се поеднакви од другите, рече тој.
Тедрос истакна дека во Тиграј живеат околу 6.000 луѓе со ХИВ, но оти дека властите веќе не знаат каде се тие луѓе и се претпоставува дека многу од нив веќе починале.
Тој, исто така, ги критикуваше медиумите дека не ги документираат злосторствата во Етиопија, посочувајќи дека во областа се палат живи луѓе.
– Не знам ни дали медиумите го сфатија тоа сериозно, рече Тедрос
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…