Објавено на:

Телефонскиот разговор на Зеленски со европските лидери бил продуктивен, вели Кир Стармер

t

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша телефонскиот разговор на украинскиот претседател Володимир Зеленски со европските лидери по неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа како продуктивен, пренесуваат светските медиуми.

Зеленски и високи украински функционери ручаа со американскиот претседател во Вашингтон еден ден откако Трамп разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин.

На социјалната мрежа „Х“, Стармер повика на „праведен и траен мир“ во Украина.

„Вечерашниот разговор со Зеленски, другите европски лидери и генералниот секретар на НАТО беше продуктивен“, рече британскиот премиер.

-Ја повторив нашата непоколеблива посветеност на Украина во борбата против руската агресија. Обединетото Кралство ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош и ќе продолжи да обезбедува воена поддршка“, нагласи Стармер.

Канцеларијата на британскиот премиер потврди дека Стармер разговарал со Зеленски за да „ја нагласи решителната поддршка на Обединетото Кралство за Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Кремљ: Поканата на Путин до Зеленски е…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави на…