Објавено на:

Телефонски разговор меѓу Стармер и Трамп по прекинот на американската помош за Украина

t

Британскиот премиер Кир Стармер разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, но не е познато дали разговарале за прекин на американската помош за Украина, соопшти денеска портпаролот на Стармер.

Британските медиуми пренесуваат дека двајцата лидери телефонскиот разговор го реализирале синоќа, а портпаролот изјави дека двете земји имаат иста цел, односно безбеден и траен мир во Украина.

Претходно денеска, откако Трамп ја суспендираше воената помош за Киев, Стармер рече дека Обединетото кралство останува посветено на обезбедувањето траен мир.

„Остануваме апсолутно посветени на обезбедување траен мир во Украина и работиме со клучните сојузници за да ги поддржиме овие напори. Тоа и правилна работа и во наш интерес е да го сториме тоа“, се наведува во соопштението на портпаролот на британската Влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се прекине воената помош за Украина по вербалната расправија меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во Овалната соба. Извори наведуваат дека помошта ќе остане суспендирана се додека „Трамп не биде сигурен дека Зеленски е подготвен да започне мировни преговори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарka со микрофон го удри Доналд Трамп…

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатност кога…

Францускиот екстремно десничарски лидер го откажа говорот…

Францускиот екстремно десничарски лидер Џордан Бардела го…

Маж кој Трамп го помилува за упадот…

Метју Хатл од американската сојузна држава Индијана,…

Луксузен хотел „Трамп“ ќе „никне“ во Белград?

Додека Доналд Трамп се враќа во Белата…

Италијанско село им нуди куќи за 1…

Oткако Доналд Трамп по вторпат беше избран…