Телефонски разговор Османи-Шмит: Македонија работи за деескалација на Руско-Украинската криза

t

Во светло на најновиот развој на настаните во и околу Украина, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит.

Во таа прилика, министерот Османи изрази сериозна загриженост за влошената безбедносна состојба во источниот дел на Украина, која уследи по признавањето на независноста на регионите Луганск и Доњецк од страна на Русија. Воедно, ја реафирмираше нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и повика на доследно почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите.

Дополнително, министерот Османи како член на триото претседавачи, потенцираше дека Македонија активно ќе учествува во процесите за деескалација и изнаоѓање на дипломатско решение преку суштествен дијалог меѓу инволвираните страни.

Воедно, Министерот изрази поддршка на Специјалната Мониторинг Мисија на ОБСЕ во Украина, и ја истакна подготвеноста од наша страна за дополнителен ангажман во функција на намалување на тензиите.

На крајот од разговорот, соговорниците се согласија дека дијалогот и дипломатските напори немаат алтернатива во смирување и деескалација на ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…