Објавено на:

Тело на исчезнат извлечено од реката Тополка на вливот со Вардар

t

Човечко тело е извлечено од надојдената речна вода на вливот на реката Тополка во Вардар, а потоа и е идентификувано од страна на синот, којшто вчера го пријавил татко му за исчезнат, информираат од ЦУК.

На единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, вчера во почетокот на ноќта, конкретно 21.30 часот имаше пријава од рекреативен риболовец дека е забележано безживотно човечко тело на вливот на реката Тополка во река Вардар. Конкретно, тоа било во близина на мостот на околу петнаесетина метри од брегот на попречни шипки во речната надојдена вода.

Од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш биле известени сите субјекти од Системот за управување со кризи за безживотното човечко тело за да се постапи според итниот случај (МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, лицето за контакт во Општината Велес како и тимот спасители на вода од Доброволното друштво „Македонски спасител“, за безбедност на вода и планина од Велес). Но, истите не интервенираа вечерта заради опасноста, по учесниците во акцијата, од надојдената вода во Вардар и брзото речно корито. Акцијата координирана на терен од СВР Велес продолжи утрово.

Безживотното човечко телото е извлечено од речната вода денеска, по 10.00 часот, од страна на Единицата за специјални задачи при МВР, а потоа е идентификувано од страна на синот, којшто вчера во 08.30 часот во СВР Велес го пријавил за исчезнат неговиот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен притвор за шестмина осомничени во акцијата…

Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција…

Еурофарм Пелистер го победи Вардар

Актуелниот македонски машки ракометен шампион, Е. Пелистер,…

Приказни од Булеварот: Ако дојде до нивото…

Овој молк ќе го однесе Вардар во…

Спектакл во Битола: Пелистер и Вардар ќе…

Утре од 19:00 часот на Тумбе Кафе…

Вардар изгуби и од Силекс

Во убав амбиент, Вардар го пречека Силекс…