Теодор Јаневски од Тетово е избран за најдобар млад џез-музичар за 2024 година на фестивалот „Џез фактори“

Годинешното, осмо по ред издание на фестивалот „Џез фактори“ ќе се одржи од 17 до 19 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола.
Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2024 година, која го носи името на легендарниот Гоце Димитровски, годинава ја добива Теодор Јаневски – дипломиран џез-тапанар на Џез Одделот на Музичката академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.
Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола и ќе биде врачена на 19 април во 20 часот, на сцената на Народниот театар од Битола.
-Ја користиме оваа прилика да му ја честитаме наградата на младиот Теодор и да му посакаме многу успеси во професионалната кариера“, истакнува директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски.
Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, Центарот за култура, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Теодор Јаневски од Тетово е избран за…
Годинешното, осмо по ред издание на фестивалот…
Захарова му порача на Трамп: „Ќе предизвикате…
Официјална Москва денес соопшти дека заканите со…
Зеленски: Украина нема да ги признае окупираните…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…
Кривична против тројца полицајци, влегле насилно во…
Министерството за внатрешени работи поднесе кривична пријава…
(Видео) Српските студенти со велосипеди тргнаа кон…
Студентите и членови на академската заедница на…