Објавено на:

Теодор Јаневски од Тетово е избран за најдобар млад џез-музичар за 2024 година на фестивалот „Џез фактори“

t

Годинешното, осмо по ред издание на фестивалот „Џез фактори“ ќе се одржи од 17 до 19 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола.

Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2024 година, која го носи името на легендарниот Гоце Димитровски, годинава ја добива Теодор Јаневски – дипломиран џез-тапанар на Џез Одделот на Музичката академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола и ќе биде врачена на 19 април во 20 часот, на сцената на Народниот театар од Битола.

-Ја користиме оваа прилика да му ја честитаме наградата на младиот Теодор и да му посакаме многу успеси во професионалната кариера“, истакнува директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски.

Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, Центарот за култура, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…