Тепачот од Чаир бил вработен во клубот како – фоторепортер!
Големиот инцидент на синоќешниот меч помеѓу Чаир 2030 и Работнички, кој беше прекинат поради ужасен физички напад врз гостинскиот кошаркар Ерик Нотиџ, денеска беше потврден и од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според полицијата, хулиганот што со боксови го удираше бекот на центарци всушност бил вработен во клубот и тоа како – фоторепортер.
„Синоќа во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во билтенот на МВР.
Казна за Чаир 2030 секако ќе има и од КФМ и тоа парично, но и со суспензија на салата најмалку на три-четири средби. Работнички мечот ќе го добие со службени со 20-0, а чаирчани нема да го добијат бодот наменет за поразениот тим.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…