Тетовец заврши во станица откако нападнал вработен на Клиника

t

Тетовската полиција информира дека 36-годишник од градот бил приведен откако добиле пријава за физички нападнат од вработен во клиничката болница. Приведениот, според СВР Тетово, агресивно се однесувал и кон полицајците.

– Десетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Г.М., затоа што физички го нападнал В.А.(37) од тетовско село додека бил на работното место во тетовската Клиничка болница и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Приведениот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера привеле 51-годишник од Ново село на автобуската станица во градот затоа што претходно со остар предмет му се заканил на човек од тетовско Добарце, по нивна претходна вербална расправија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Портпаролот на ИДФ: Ќе направиме се што…

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел…

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на…

Изјавата на министерот за надворешни работи на…

Според Календарот на МПЦ, денес се празнуваат…

Свети Никита Исповедник Роден е во Витинија…

,,Нетанјаху и неговата влада станаа егзистенцијална закана…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада…