Тетовец се заканувал со убиство на жена и функционери од политичка партија
Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец се заканувал со убиство на жена…
Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична…
АП: Младите во Србија маршираат по повод…
Илјадници, претежно млади луѓе во Србија, вчера…
САД и Индија потпишаа десетгодишен договор за…
Соединетите Американски Држави и Индија потпишаа десетгодишен…
„Политико“: Санкциите ја стегаат Унгарија, Орбан принуден…
Американските санкции за увоз на руска нафта…
Средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин…
Соединетите Американски Држави го откажаа планираниот самит…