„Политико“: Санкциите ја стегаат Унгарија, Орбан принуден да се сврти кон Хрватска за руската нафта
Американските санкции за увоз на руска нафта го притиснаа премиерот Виктор Орбан да побара алтернатива преку Хрватска, иако Будимпешта со години го одбегнуваше тој правец, пишува „Политико“.
Будимпешта тврди дека алтернативните испораки преку Хрватска се прескапи и дека Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ) не може да ги задоволи нејзините потреби, што експертите и претставниците на Загреб остро го негираат, пишува Политико во својата анализа.
Орбан тврди дека руската нафта е клучна за енергетската безбедност на Унгарија, но ограничувањата од Вашингтон и планираните царини на ЕУ ја прават зависноста од Москва неодржлива. За да обезбеди снабдување, Будимпешта ќе мора да ги подобри односите со Загреб и да го користи нафтоводот ЈАНАФ.
Хрватскиот министер за економија Анте Шушњар ги отфрли обвинувањата дека транзитните такси се превисоки или дека системот нема доволен капацитет, велејќи дека тоа се „измислени изговори“ и дека Хрватска може веднаш да испорачува нафта.
Според експерти, проблемот не е во техничките или ценовните услови, туку во интересите на унгарската влада и на компанијата MOL, кои добиваат пониски цени за руската нафта и затоа немаат политичка волја да се откажат од неа.
„Политико“ наведува дека Орбан е „стиснат во ќош“ – ќе мора или да ја прифати соработката со Хрватска и политиката на ЕУ, или да продолжи со ризичната зависност од Русија, додека санкциите на САД стапуваат на сила на 21 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата скокна над 100 долари…
Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Од јахти и приватни авиони до десетици…
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…
По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…
Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…