Тетово воведува петчасовни peстрикции во водоснабувањето

t

Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ информира дека се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во траење од пет часа.

Според нивната информација од 5 јануари до денеска се откриени два дефекти кои се причини за губење на водата за пиење од новиот водоснабдителен систем.

На 5 јануари 2022 во водоводната мрежа на Лешница настана дефект, кој следниот ден е санира. Потоа забележано е намалување на количината на вода, по што е локализиран уште еден дефект како резултат на лизгање на контролен бунар на водоводната мрежа кој ја испраќа водата од изворот Лешница до филтер станица- Лисец. Количината на вода заедно со бунарите достигнува до 160 л/с, количина која не е доволна за нормално и рамноправно снабдување на нашите граѓани, па затоа ноќе сме принудени да правиме рестрикци и тоа од 00:00 до 05:00 часот, информираат од ЈКП Тетово.

Поради дефекти на новиот водоснабдителен систем и во декември имаше рестрикции во водоснабдувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за четири физички и едно правно…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Прегазен 82-годишен маж во Тетово

На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР…

Претрес во Тетово – пронајдена дрога

На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово,…

Голема акција на ОЈО во Тетово и…

Под раководство на јавен обвинител од Основното…

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

На 12.10.2024 во 17.40 часот во Тетово,…