Тетовските основци се дрогираат и проституираат, да реагираат институциите и родителите
Во тетовските училишта се продава и консумира дрога, ученици носат ладно оружје, а девојчиња се проституираат, се дел од заклучоците од денешната трибина во Тетово, одржана во присуство на претставници од училиштата, полицијата, центарот за социјална работа, општина Тетово и други институции.
Директорката на училиштето „Кирил и Методиј“ Сихана Каба Касами вели дека треба да се подигне свеста во училиштата, но и кај родителите. Според неа, училиштата ги презентираат проблемите, но институциите не преземаат мерки.
Ние бевме информирани дека имаме случаи на употреба на дрога на малолетна возраст, имаме проституција на малолетна возраст и за овие случаи не треба да се молчи. Треба да излезат на површина час поскоро. Зборуваме за деца до 14 години, тие се наши деца, во кое училиште и да е. Значи, сите треба да бидеме очи и уши и случаите да не се кријат само за да не бидеме казнети. За нас како раководители или нешто друго е важно да ги спасиме. За малолетниците проблем е ако тргнат по таков пат, да ги спасиме час поскоро, бидејќи ја чекаат нашата помош, вели Каба Касами, пренесува ТВ21.
Целиот текст ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…
Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…
Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…
Општина Карпош ги награди првенците на генерацијата
Согласно планираната Програма на Одделението за образование…
Конкурс за учебници нема, учениците од седмо,…
Откако Министерството за образование и наука објави…
Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…
АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…