Тетовци измамиле осигурителна компанија со лажни докази
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Џ.(25) и Р.Џ.(22), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „осигурителна измама“ и „поднесување на лажни докази“.
При вршење увид од екипа на СВР Тетово во врска со пријава за фалсификувани медицински извештаи, биле забележани медицинските извештаи од првопријавениот и второпријавената, кои не биле заведени во соодветни книги за заведување на сообраќајни незгоди, ниту во системот „Мој термин’’, а притоа истите извештаи биле предочени на лекарите чиј факсимил стоел на документот, по што лекарите се произнеле дека извештаите не се пополнети од нивна страна, ниту потписот е нивен.
Од СВР Тетово била контактирана осигурителната компанија во врска со обештетувањето кое го добиле прво и второпријавените, од каде бил добиен одговор дека на 30.12.2021 преку адвокат до нив било доставено барање од прво и второпријавената за нематеријална штета, по што на двајцата им биле исплатени вкупно 160.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за четири физички и едно правно…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Прегазен 82-годишен маж во Тетово
На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР…
Претрес во Тетово – пронајдена дрога
На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово,…
Голема акција на ОЈО во Тетово и…
Под раководство на јавен обвинител од Основното…
Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога
На 12.10.2024 во 17.40 часот во Тетово,…