Објавено на:

Тешка несреќа на Партизанска, Ауди излета поради несоодветна брзина

t

Тешка несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“, недалеку од трговскиот центар „Сити Мол“ во Карпош 3. Поради несоодветна брзина, возило марка „Ауди“ заврши во жардинерите, откако претходно удри во дрвата.

Брзата помош веднаш пристигна на местото, но засега нема информации во каква состојба се повредените.

Полицијата е на терен и врши увид, додека многу граѓани се собрани и гледаат во неверување.

„Вакво нешто тука не е видено, ќе не испотепаат пред наша зграда“, велат граѓани за „Локално“, кои се нашле во непосредна близина.

,,Постојано тука возат со ненормални брзини, и мотори и коли, но нема полиција да реагира”, вели друга граѓанка која живее блиску несреќата.

Фото: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка несреќа на Партизанска, Ауди излета поради…

Тешка несреќа се случи вечерва на булеварот…

Трагедија во Србија: Македонски државјанин загина во…

Во сообраќајна несреќа што се случила рано…

Две лица се потешко повредени во сообраќајка…

Две лица се потешко повредени во сообраќајна…

Возило излетало од патот, две девојки се…

„На 23.06.2025 во 11:45 часот во ОВР…

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…