Тешка сообраќајна несреќа во скопско, повредени се 13 лица, 3 се во тешка состојба – Возачот е малолетинк, син на сопственик на албански медиум?

t

На локалниот пат меѓу скопските села Брњарци и Стајковци се случила тешка сообраќајна несреќа меѓу три возила, во која се повредени вкупно 13 луѓе, а четворица од нив имаат тешки повреди, соопшти МВР. Едниот од автомобилите кои учествувале во сообраќајката го возело дете, велат од полицијата.

„На 07.05.2023 во 13:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Брњарци–с.Стајковци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, патничко моторно возило „Нисан” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(35) од с.Страчинци, скопско и патничко моторно возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од селото Никиштане, скопско“, пишува во полицискиот билтен.

Во несреќата тешко се повредени возачот И.Б. и сопатниците од неговото возило Љ.Б.(25), С.Б.(62) и З.Б.(37), сите од с.Страчинци. Полесни повреди имаат возачот А.М. и осум сопатници од сите три возила, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”

Новинарот Фуркан Салиу објави дека се работи за син на сопственик на албански медиум, во продолжение неговата објава на Фејсбук:

-Детето е свето и секој родител би направил се за своето дете, но кога се обидувате да ги прикриете неговите грешки, само му нанесувате штета на вашето дете.
Младото момче, син на сопственикот на албански портал вози по локални патишта со над 130 км/ч и удри 2 автомобили при што тешко повреди 11 лица, меѓу кои четири деца.
Што направил загрижениот родител? Наместо да ги повика членовите на семејството и да ги праша за здравствената состојба, тој се јавил да им понуди пари за да ја сменат изјавата дека ги користи своите врски за да го смени полицискиот извештај.


Да се јавеше господинот да праша за здравствената состојба, ќе разбереше дека најстарата жена во кола утре треба да направи 3 операции во еден ден. Ќе знаевте дека 3 од 11 лица се во тешка состојба и веројатно ќе ви беше срам да понудите пари за промена на изјавата.
Момчето е младо, згреши, но обидувајќи се да ја прикрие својата грешка, утре можеби ќе бидам негова жртва.
Покрај овој срамен чин, истото лице не ги остави неповикани медиумите да ја тргнат веста за несреќата.
А за #МВР имам порака… Не го слушајте родителот дека постапува со емоции, работете ја работата професионално до крај бидејќи утре или ќе одговарате или ќе бидете следната жртва на уште една сообраќајна несреќа. – напиша Салиу на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…