Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Четири лица се повредени
Вчера во 14,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ацо Шопов“ и ул.„Фјодор Достоевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(57) од Скопје и патничко моторно возило „фолксвгаен голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(32) од Скопје.
Во несреќата, двајцата возачи Ж.В. и М.И., како и Б.Р.(33), сопатник во возилото „голф“, се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката во возилото „голф“, Б.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…