Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје – учествувале три возила

t

Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, во непосредна близина на местото каде што минатата година трагично загина младата Фросина Кулакова, пренесува порталот Faktor.mk.

Според информациите објавени од Фактор, во несреќата учествувале три возила – „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“, кои по силниот удар се извртеле на коловозот. Сведоци на настанот испратиле фотографии до редакцијата, на кои се гледа голема материјална штета на возилата.

Засега нема информации за повредени лица, а причините за несреќата се истражуваат.

Според првичните сведоштва, до судирот дошло поради неприлагодена брзина на возачите.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот од страна на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“…

Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје…

(Видео) Партиски состанок во Охрид – Уште…

Уште едно нарушување на изборниот молк е…

Сите резултати кои се објавуваат денес се…

Според Изборниот законик на Република Северна Македонија,…

(Видео) Нарушување на изборниот молк во Прилеп,…

Екипите на Инфомакс вечерва забележаа изборни нерегуларности,…

(Видео) Големо прекршување на изборниот молк од…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…