Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје – учествувале три возила
Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, во непосредна близина на местото каде што минатата година трагично загина младата Фросина Кулакова, пренесува порталот Faktor.mk.
Според информациите објавени од Фактор, во несреќата учествувале три возила – „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“, кои по силниот удар се извртеле на коловозот. Сведоци на настанот испратиле фотографии до редакцијата, на кои се гледа голема материјална штета на возилата.
Засега нема информации за повредени лица, а причините за несреќата се истражуваат.
Според првичните сведоштва, до судирот дошло поради неприлагодена брзина на возачите.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот од страна на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…