Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.
Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.
Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес…
Тројца полицајци се повредени, со службен „Крајслер“…
Вчера попладнето, тројца полицајци, кои се возеле…
Се судрија автомобил и автобус, повредени двајцата…
На 11.07.2025 во 05:50 часот во СВР…
Жена од Кочани тешко повредена, ја удриле…
На 11.07.2025 во 15:07 часот во ОВР…
МВР ја потврди сообраќајката во Геге, повредената…
Девојче попладнево е прегазено на тротоар во…