МВР ја потврди сообраќајката во Геге, повредената е пренесена во Клиничкиот центар

t

Девојче попладнево е прегазено на тротоар во Геге, јавуваат гледачи на Инфомакс.

Според информациите кои ги добивме, возачот возел со голема брзина и удрил во девојчето кое е повредено и со брза помош е пренесено во болница. За време на ударот девојчето си одело прописно по тротоар, а по несреќата возачот ја симнал колата од тротоарот.

Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот:

На 11.07.2025 во 18:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Геге, скопско настанала сообракајна незгода помеѓу патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од З.А.(49) од Скопје и пешакот С.Ј.(25) која е префрлена во КЦ Мајка Тереза за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Сообраќајна несреќа вечерва се случи на патниот…

МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…

Министерството за внатрешни работи постапува во насока…

Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…

Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…

Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…

Прострелна повреда во пределот на ногата била…

МВР со важен апел до родителите: Препознајте…

Министерството за внатрешни работи упатува апел до…