Тешка сообраќајна несреќа на патот Дебар-Маврово: Едно лице е тешко повредено
На 04.05.2024 во 11.45 часот во Полициска станица Дебар било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Мелнички мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О.(58) од с.Долно Косоврасти, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(20) од с.Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген тигуан”, констатирани во Општата болница во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…