Тешки кражби во Скопје, предложен е притвор за едно лице

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар и одзел повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари.

На 23 мај по полноќ исто така насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.

Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 17-годишник за серија кражби на Клиниката…

На Клиниката за онкологија во Скопје, во…

Малолетник осомничен за тешки кражби во Скопје…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Се краде “во дворот” на МВР, полицаец…

Жителите на Црниче на социјалните мрежи реагираат…

Приведени четири лица – расчистени четири тешки…

По преземени мерки и активности од страна…

Уапсен жител од с. Кондово за кражби…

Полицијата вчера приведе 40-годишен жител на скопксото…