Приведени четири лица – расчистени четири тешки кражби
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Штип лишени се од слобода А.А.(32) и Ќ.А.(37), двајцата од Струмица и Д.А.(28) и С.Н.(26), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека се извршители на четири кривични дела „тешка кражба“ од Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.
Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во месец јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број на предмети од Уметничката галерија. Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип.
По комплетирање на службената документација против нив до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…
На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…
Регистрирал возила, а парите си ги ставал…
Од МВР поднесоа нова кривична пријава поради…
„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…
Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…
Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…
Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…
Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…
На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…