Објавено на:

Тешко повреден 37-годишен маж во сообраќајка во кратовско

t

Триесет и седумгодишен маж е тешко повреден во сообраќајна незгода која се случила вчера попладне во кратовско.

„Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на локалниот пат с.Железница-с.Крилатица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолкваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(58) и патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(37), двајцата од Кратово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Т., констатирани во Општа болница Куманово, а неговиот сопатник Т.П.(40) од Кратово се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Кратово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…

Сопругот ја тепал со тупаници и ја…

Од скопското обвинителство информираат дека е отворена…

Снаата повеќе пати пријавувала насилство: Детали за…

Мотивите за двојното убиство во Кратово кое…

Тешко повреден 37-годишен маж во сообраќајка во…

Триесет и седумгодишен маж е тешко повреден…

Детали за двојното убиство во Кратово: Жената…

38-годишна жена со остар предмет ги убила…