Објавено на:

Тинејџер со нож усмртил две жени во средно училиште во шведскиот град Малме

t

Две жени починале од повредите добиени во напад со нож во понеделникот во средно училиште во шведскиот град Малме, а за нападот е осомничен 18-годишен ученик кој е уапсен, соопшти шведската полиција.

Двете жени, на возраст од околу 50 години, „беа вработени во училиште“ Малме Латин, средно училиште во центарот на третиот по големина град во Шведска, се наведува во полициското соопштение кое ноќта кон вторникот го пренесе AFP.

Според локалните медиуми, осомничениот сторител на убиствата самиот се јавил во полицијата и рекол каде се наоѓа, дека го фрлил оружјето и признал дека убил две лица.

Медиумите јавуваат дека бил вооружен со нож и секира. Но апсењето било без проблеми, се наведува во соопштението на полицијата.

Претходно во понеделникот вечерта беше објавено дека две лица во педесеттите години се поврдени, колку што во времето на нападот биле во училиштата. Повредените жени биле пренесени во болница, но им подлегнале на повредите.

Засега не е познат мотивот за нападот. По увидот и разговорите со очевидците полицијата е убедена дека осомничениот делувал сам.

„Нѐ очекува голема работа да сфатиме што се случило и кои се мотивите на ова ужасно злосторство“, изјавила Аса Нилсон, една од иследниците.

Прес-конференцијата во врска со двојното убиство е закажана за вторникот утрото во 9,30 часот по локално време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид…

Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин…

Дончиќ со тројки го „разнесе“ Клиперс и…

Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа против Лос…

Тешки денови за Вардар, крај на сезоната…

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доби лоши…

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на…

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија,…

Како помина изборниот ден? Оценки на изборните…

Излезноста на гласачите до 18:30 часот од…