„Тишината зборува погласно“: Кочани го откажа „Маршот на Ангелите“ за да тагува со семејствата од Кранс-Монтана
Градот кој ја носи лузната на сопствената трагедија, оваа сабота ќе замолчи во знак на почит кон жртвите од Швајцарија. Организаторите од Кочани соопштија дека планираниот „Марш на Ангелите“ нема да се одржи. Наместо тоа, граѓаните се повикуваат на мирна и достоинствена средба за да испратат порака на сочувство до Кранс-Монтана.
Под мотото „Од Кочани до Кранс-Монтана: Тивка почит за загинатите“, жителите на овој град, кој најдобро ја разбира болката на загубата од огнена стихија, ќе се соберат за да запалат свеќа и да постојат во тишина.
Настанот е закажан за сабота, 10 јануари, со почеток во 16:40 часот. Собирното место е Паркот на Револуцијата во Кочани.
„Ве повикуваме да бидеме заедно во тишина, сочувство и солидарност. Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина — да застанеме заедно, без зборови што се мали за ваква загуба“, стои во емотивниот повик до јавноста.
Солидарност на оние кои паметат
Кочани, кој сè уште ги лекува раните од трагедијата во март минатата година, испраќа силна порака до семејствата во Швајцарија. Организаторите потенцираат дека „тишината понекогаш зборува погласно од зборовите“ и дека ова е начин да се поврзат оние што изгубиле со оние што паметат.
Граѓаните се повикани да дојдат со срце што знае да сочувствува, да запалат свеќа и да покажат дека Кочани е со мајките и семејствата на Кранс-Монтана во овие најтешки мигови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тишината зборува погласно“: Кочани го откажа „Маршот…
Градот кој ја носи лузната на сопствената…
ПРЕСЕК НА ЦУК ДО 21 ЧАСОТ: Евакуирани…
Македонија вечерва се бори со последиците од…
Врнежите предизвикаа ново свлечиште на патот кон…
Од Центарот за управување со кризи велат…
(Видео) Божиќно бебе во скопската Зоолошка градина
Празничната магија пристигна во скопската Зоолошка градина!…
НАПАДНАТИ СМЕ, ИСПУКАЈТЕ ТОРПЕДА, ПОТОПЕТЕ ГИ АМЕРИКАНСКИТЕ…
Москва „гори“ од силни реакции откако Вашингтон…