Објавено на:

Толку од летото во октомври: На повидок прв поларен бран во Европа – ни следува големо заладување

t

Од овој викенд, како и во првите денови од следната седмица се очекува прво спуштање на поларниот вртлог во Европа, и истиот ќе ги зафати источните и североисточните предели од континентот. Ова ќе услови драстично заладување, но локално ќе има и снег и на некои пониски места. Температурите понекаде ќе се спуштат дури и под
нулата.

Кај нас продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот, краткотраен пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно продолжува така нареченото „Мини лето“.

Сепак наутро ќе биде доста свежо. Ако вака останат работите, поларниот вртлог кај нас ќе стигне во втората половина на овој месец, кога го очекуваме и првиот снег на планините. Сепак промени во прогностичките модели и понатаму ќе има.

До тогаш уживајте во убавото време и во Мини летото, за Порта.мк пишува Славчо Попоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…