Објавено на:

Толку од правата на жените: Талибанците воведoa задолжителен хиџаб за жените и забрaна да се движат без машка придружба

t

Талибанската религиозна полиција им наложи на министерствата и другите владини тела во Авганистан да обезбедат сите вработени жени да носат хиџаб, да ги избрка оние кои не носат и да ги спречи жените без покривање на главата да влезат во владини објекти, јави ДПА.

Германската агенција го цитира Садик Акиф Мухаџир, портпаролот на Министерството за ширење на доблест и спречување на пороците, кој наведе дека ова упатство досега им е предадено на осум владини тела.

Покрај тоа, владините канцеларии добиле инструкции дека вработените мажи и жени мора да имаат засебни работни простории и дека вработените мажи мора да се молат додека се на работа.

Упатството налага да се забранува вработување малолетници и мажи без брада.

Веста доаѓа откако Министерството им нареди на таксистите да не земаат жени кои не носат хиџаб или не се придружувани од близок машки роднина, пренесе ДПА.

Минатиот месец, талибанската религиска полиција преку плакати на излозите и билборди побара жените да се покријат. Постерите покажуваа хиџаб и бурка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Жените кои не носат хиџаб нема да…

Во метрото во Техеран ќе се формираат…

Ердоган предлага референдум за задолжително носење на…

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, предложи да…

(Видео) Ле Пен омекна: Сепак нема да…

Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен која…

Толку од правата на жените: Талибанците воведoa…

Талибанската религиозна полиција им наложи на министерствата…