Ердоган предлага референдум за задолжително носење на хиџаб

t

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, предложи да се организира референдум за измена на Уставот за да се гарантира правото на носење хиџаб во јавните служби, училиштата и универзитетите.

-Ако сте храбри, дојдете, ќе ја ставиме темата на референдум. Нека одлучи народот – рече турскиот претседател, обраќајќи му се на лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу, кој предложи закон кој ќе гарантира правото на носење хиџаб.

Дебатата за носење хиџаб се разгоре во Турција како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за 2023 година.

Турција, земја со мнозинско муслиманско население, е уставно секуларна и носењето хиџаб долго време беше забрането во јавните служби, училиштата и универзитетите, како и на места како што се парламентот и воените канцеларии.

Во 2013 година, владата на Ердоган ги укина ограничувањата за носење хиџаб.

За разлика од 1990-тите, кога темата поттикна жестока дебата, денес ниту едно политичко движење во Турција не се противи на нејзината забрана.

-Порано згрешивме во однос на носењето хиџаб (…) Сега е време да го оставиме тоа прашање настрана и повеќе да не го слушаме од устата на политичарите – рече Киличдароглу.

Набљудувачите мислат дека Киличдароглу сака да им покаже на конзервативните гласачи кои најмногу гласаат за АКП на Ердоган дека не треба да се плашат од промена на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција издаде меѓународна потерница за Нетанјаху

Турција издаде меѓународна потерница за израелскиот премиер…

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…

Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…