Тоневски потврди дека барал да се изгради регионална депонија во Пробиштип – Партиските интереси пред здравјето на граѓаните!

t

Аутсајдерот на ДПМНЕ, кандидат за градоначалник на Пробиштип, денеска потврди дека здравјето на пробиштипјани му е важно колку и ланскиот снег. Тоневски нагласи дека двапати, додека бил градоначалник на Пробиштип, барал регионалната депонија која е предвидена да се направи на територија на Свети Николе, да се направи во Пробиштип.

Пробиштип е град на тешка индустрија и веќе има доволно загадувачи, а регионалната депонија која Тоневски ја барал, би била уште еден голем удар по здравјето на граѓаните.

„За туѓи бели дворови, копај си црни гробови“. За профит и партиски интерес, за провизии се подготвени да го жртвуваат вашето здравје. Додека нивните џебови се полнат, ние ќе ги полниме болниците.

За разлика од Тоневски, актуелниот градоначалник Драган Анастасов спречи отворање на рудникот Плавица, кој Тоневски исто така го заговара, на сметка на вашето здравје.

Пробиштипјани знаат дека единствен избор на претстојните локални избори е Драган Анастасов – Ладич.

Пробиштип за сите! Заокружи број ПЕТ!

Со почит,

ОО СДСМ Пробиштип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тоневски потврди дека барал да се изгради…

Аутсајдерот на ДПМНЕ, кандидат за градоначалник на…

47-годишен Србин починал во Катланово

47-годишен Србин починал во скопско Катланово, телото…

СДСМ: Скандал, Владата на Мицкоски склучила договор…

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа…

Анастасов: Здравјето на луѓето нема цена! Не…

Во Пробиштип има неколку загадувачи, тешка индустрија,…

Апасиев: Мачиња – договорена е работата, да…

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев,…