СДСМ: Скандал, Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криинал
Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа кажа дека договорот е склучен на 19 септември годинава, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг и е вреден 55 илјади евра.
„Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“. Јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството, обвинуваа дека оваа фима, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“. Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Највуваа раскинување на договорот, репреговарање, што ли уште не. Тоа беше ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денеска гледаме дека се ова било лага до лага.
Наместо истрага – договор. Наместо одговорност – соработка. Ова е врв на политичко лицемерие, театар за јавноста во режија на Мицкоски и ДПМНЕ“, истакна Кузеска.
Таа побара Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за, како што рече, сите негови лажни изјави, а Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД Инженеринг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Грција признава само машки и женски пол“:…
„Грција признава само два пола, машки и…
Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена…
Вчера околу 10:00 часот во ОВР Свети…
Тинејџер планирал киднапирање на Мбапе
Француската јавност е вознемирена по откривањето на…
Го претепал и повредил својот 74-годишен татко,…
На 01.09.2026 во 21:00 часот во радовишко…
Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…