Објавено на:

Торнадо опустоши цел град во американската сојузна држава Ајова

t

Неколку луѓе загинаа кога торнадо дивееше низ градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс.

Фотографиите од Гринфилд покажуваат уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер.

„Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви за време на торнадото“, изјави портпаролот на полицијата на државата Ајова, наредникот Алекс Динкла, без да прецизира колку луѓе се повредени.

Најмалку десетина луѓе во градот со околу 2.000 жители се повредени во торнадото, додаде тој.

Локалната болница била оштетена за време на невремето, па повредените морале да бидат префрлени во медицинските установи во соседните градови.

Како што додава британската новинска агенција, видеата покажаа уништени автомобили и голема штета на бензинска пумпа во Гринфилд, седиштето на округот Адаир, кој заедно со соседниот округ Адамс најмногу настрада.

Гувернерот на Ајова, Ким Рејнолдс, прогласи итна природна катастрофа во 15 окрузи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Торнадо во Русија, искорнати се далеководи,…

Ретко торнадо погоди два региони во Русија,…

(Видео) Дете загина во торнадо во Мичиген,…

2-годишно момче загина, а неговата мајка е…

Торнадо опустоши цел град во американската сојузна…

Неколку луѓе загинаа кога торнадо дивееше низ…

(Фото+видео) Торнадо ја опустоши јужна Кина, падна…

Пет лица загинаа вчера во торнадо во…

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…