Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР
Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој извести дека само во едно место, село во општина Прилеп, гласањето започнало подоцна.
Министерот очекува мирна, демократска и фер изборна атмосфера.
„Ги повикувам сите граѓани да го остварат своето право на глас, да ги дефинираат чекорите во иднина, да можеме да искреираме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани“, кажа Тошковски.
Тој додаде дека се активирани над 90 отсто од силите со кои располага МВР и се фокусирани на спроведување на мирен изборен процес.
„Ги преземаме сите дејствија коишто треба да се преземат. На терен сме, ги контролираме оние жешки точки. Сега за сега нема никакви проблеми. Имаме констатирано четири настани кадешто има потенцијално нарушување на изборниот молк во текот на вчерашниот ден. Се постапува и се истражува. По утврдувањето на целосната фактичка состојба ќе биде известена јавноста“, извести Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: На терен се над 90 отсто…
Денеска е ден на демократијата, денеска македонските…
МВР презема мерки за мирен, фер и…
Министерството за внатрешни работи за време на…
МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на…
Министерството за внатрешни работи во пресрет на…
Кумановски матичар измислил брак меѓу Албанец и…
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.З.…
МВР потврди: Советник од Кочне се заканувал…
Од Министерството за внатрешни работи денеска го…