Тошковски: Не се пронајдени чаури од автоматско оружје во Скопје за прославата на Денот на албанското знаме
Дали постои опасност да ни се повтори 2001 година? – вакво прашање доби министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по последните случувања со сквернавењето на македонското и албанското знаме од страна на повеќе млади лица.
-Нема таква опасност ако ме прашате мене. 2001 е позади нас и нема да дозволиме да се случи нешто такво. За жал, она кое што го говереше премиерот, претседателката и јас, се покажа дека оние обиди за распламтување на меѓунационален немир, повторно ги гледаме на површина. За наша среќа и за несреќа на оние кои што се обидуваат да се затскријат зад прашања кои треба да останат во минаото, гледаме дека нивните обиди се неуспешни. МВР одговара соодветно на сите предизвици, рече Тошковски.
За 17-те уапсени лица поврзани со инцидентите, Тошковски информира дека тројца се во притвор, додека голем дел од нив се малолетници и за нив има друга постапка во рамките на процесот што се спроведува.
За наводни рафални истрели од автоматско оружје при прославата на денот на албанското знаме по скопските улици, министерот обелодени дека чаури и останати докази поврзани со автоматско оружје, не се пронајдени на терен.
-И мене ми звучеше дека е пукано врз основа на снимката што ја видов. Јас не видов, ниту истражителите имаат видено на таа снимка дека има оружје. Тие кои се експерти од областа велат дека тој звук не е звук од автоматско оружје. Согласно доказите, немаме релеватни докази и факти дека на било која локација во Скопје, таа вечер се пукало од автоматско оружје, кажа Тошковски во гостувањето на Радио „Лидер“.
Според него, околу евентуална лидерска средба како што бараше опозициската СДСМ по повод немилите настани, Тошковски објаснува дека не е проблемот во средбата, туку, како што вели, во намерите.
-Немаат чисти намери. Дигаат топка и целта очигледно им е да се факторизираат во некаков публицитет во јавноста, кажа првиот полицаец во државата.
Тошковски беше запрашан и за случајот со униформираните деца со амблеми на УЧК на приредбата во основното училиште во Челопек.
-Дали е кривично дело, тоа треба да се утврди во конкретна постапка, а дали буди неубави чувства кај Македонецот – апсолутно да. Се согласувам со тоа што го кажа министерката за образование. Таков тип на претстави се недолични и несоодветни и не би требало да бидат пример за дечињата во Македонија. Сметам дека на таков начин, само може да ни се продлабочи и интензивира ова кое што, да речеме дека е плодна почва за 15-годишници да палат македонски знамиња, оценува министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Не се пронајдени чаури од автоматско…
Дали постои опасност да ни се повтори…
СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…
Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…
(Видео) Разбојниците имале и експлозив! Детали за…
Министерството за внатрешни работи излезе со детали…
Арсовска : Понудата од моја страна беше…
„Не ми е јасно како за 600…
Скопје допрва треба да блесне за новогодишните…
Скопје ќе добие новогодишно украсување, но се…