Трагедија:Голема гранитна плоча згмечи двајца битолчани, едниот почина, другиот се бори за живот

t

Голема гранитна плоча згмечи двајца работници на позната битолска фирма која се занимава со изработка на надгробни споменици и скали, при што за повозрасниот повредите биле фатални и починал на лице место, додека другиот е во животна опасност, пренесе Независен.
Несреќата се случила вчера попладнето, додека работниците растоварале гранитни и мермерни плочи од кои подоцна се изработуваат надгробни споменици. Според неофицијални информации, во еден момент најверојатно недоволно обезбедена големата гранитна плочата паднала врз двајцата работници. Од СВР Битола за „Независен“ ја потврдуваат несреќата.

„Денеска (30.04.2022) во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, изјави портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…

Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…

Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…

Моралната одговорност не се мери на избори

Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…

Израел им забрани на граѓаните да ја…

Израел им забрани на своите граѓани да…