Трагедија во беровско: Загина млад тракторист
Министерството за внатрешни работи информира дека на 29.10.2022 во 12.40 часот во Полициската станица Берово, од Итна медицинска помош било пријавено дека од с.Митрашинци со повреди добиени при превртување на трактор бил донесен Г.Л.(27), при што од страна на лекар во Здравствениот дом во Берово констатирана била смрт.
Според пријавеното, на место викано „Јастребов рид“, атар на с.Митрашинци, Г.Л. управувал трактор со приколка во која превезувал дрва, но изгубил контрола и тракторот и приколката се превртеле.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трактор се превртел во Тетово, возачот е…
Вчера попладне, 49-годишен жител на Тетово е…
Ученички четири години малтретирале соученичка во Беровско…
Вчера во 16.00 часот во Полициската станица…
Тракторист се превртел и паднал во река
Беровец се превртел со трактор, по што…
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…